Голманот Васил Гогов потпиша нов договор со РК Вардар, и останува „црвено-црн“ најмалку до 2027 година, потврди клубот.
Гогов имаше договор до јуни 2026 година, но од клубот се задоволни од неговите настапи, па му понудија продолжување на уште една година. Тој е дел од 2019 година, веќе неколку сезони и дел од првиот тим.
„Васил покажа дека има квалитет и карактер за Вардар. Неговиот напредок е очигледен и со нетрпение очекуваме да продолжи да расте во нашиот дрес,“ соопштија од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

