Голманот Илче Петровски второ засилување за Струга Трим Лум

Голманот Илче Петровски кој доаѓа од редовите на второлигашот од БиХ, Јединство Бихаќ, е второто засилување за Струга Трим Лум во зимскиот преоден рок.

29-годишниот Петровски претходно во својата кариера има настапувано и за Пелистер, Гостивар, Брегалница, Башкими, Младост Царев двор на домашната фудбалска сцена, како и за албанските Кастриоти и Поградец.

Претходно, лидерот во Втората лига – Запад се засили и со офанзивецот Флорент Османи.

Се вчитува...