Без изненадување и на вториот натпревар во 1/8 финалето на Мундијалот во Катар. Аргентина се пласираше во 1/4 финалето, совладувајќи го составот на Австралија со 2-1. Аргентинците речиси во целиот меч имаа контрола, но две грешки на крајот можеше скапо да ги чини, за среќа „кенгурите“ само успеаја да намалат. Во 97. минута Австралија имаше одлична шанса, но со одбрана се истакна Емилијано Мартинез кој што спаси и така го однесе својот тим меѓу најдобрите осум.
Аргентина тргна фуриозно и имаше една спорна ситуација и игра со рака. Откако се смири играта, и имаше рамнотежа, во 35. минута една акција и блесок на Меси за водство од 1-0. Меси ја протна топката меѓу многу нозе во мрежата на Рајан. На полувремето Аргентинците заминаа со предност.
Во вториот дел речиси иста игра, а грешката на Рајан ја искористи Алварез кој донесе 2-0. Австралија намали со автоголот на Фернандез на 2-1, и потоа Австралија имаше уште една шанса преку Бехич, но беше изблокиран во последен миг.
На спротивната страна Лаутаро не донесе 3-1, а на другата страна Куол пропушти „зицер“ да го однесе мечот во продолженија. Откако се ослободи од одбраната, излезе сам, но Мартинез му го одбрани шутот и така ја донесе својата селекција во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА