Голманот на Аргентина се кае: Тоа беше глупост, не сум горд на тоа што го сторив

Голманот на Аргентина Емилијано Мартинез беше херој, а во исто време и антихерој на СП во Катар. Во најлудото финале на Светските првенства, чуварот на мрежата на „гаучосите“ одбрани шут на Коло Муани во ситуација еден на еден во 121 минута.

Мартинез се „ругаше“ со Мбапе на крајот, откако ја доби златната ракавица, а потоа ја стави на гениталиите. Примитивниот потез кој го извел наиде на осуда од јавноста, но и она што голманот го изведе во соблекувалната.

„Да, не требаше тоа да го направам. Тоа е единствена работа на СП на која не сум горд. Тоа беше глупост која ја направив, но го направив тоа и на Копа Америка, кога ја освоив златната ракавица. Пријател пред Мундијалот ми кажа дека не верува дека повторно ќе го направам тоа на СП, но никогаш не ми е грижа што кажуваат другите. Но, после оваа критика тоа го направив и потоа размислив… Жал ми е, и тоа е единствена работа на која не сум горд“, рече Мартинез.

Се вчитува...