Голманот на Баерн Минхен, Јонас Урбиг е „уникат“ во светскиот фудбал. Тој слави две титули во една иста земја. Како е тоа можно?
Урбиг првиот дел од сезоната го мина во Келн, од каде во јануари се пресели во Баерн Минхен, како еден од најталентираните млади голмани на Германија. Тој веќе ја освои титулата со Баерн Минхен во најдобрата Бундеслига.
Во неделата, пак, неговиот поранешен тим Келн славеше над Кајзерслаутерн, и благодарение на „киксот“ на Хамбургер, Келн заврши како првопласиран, и го доби трофејот за најдобра екипа во „Цвајте“. А, Урбиг си доби медал и за освоениот пехар со Келн, и еден медал со Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

