Младиот српски голман Миле Свилар, еден од најталентираните чувари на мрежата во Европа кој го брани голот на Бенфика, имаше непријатност на мечот против Виторија Сетубал во Лига – купот на Португалија. Тој при една интервенција ја удри главата од дирекот. Се обиде да продолжи да брани, но, сепак, мораше да побара замена само неколку минути подоцна. Со помош на лекарската служба на Бенфика го напушти теренот и се уште не е познато какви се последиците од овој страшен удар…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА