Голманот на Црвена Звезда итно примен во болница

Голманот на Црвена Звезда, Милан Борјан денеска бил итно пренесен во болница откако му се слошило за време на утринскиот тренинг на белградските „црвено-бели“.

Дел од медиумите од северниот сосед објавија дека станува збор за коронавирус, но оваа информација беше отфрлена од страна на раководството на Црвена Звезда. Според официјалните информации, станува збор за стомачен вирус од кој силни симптоми почувствувале уште неколку фудбалери на српскиот првак.

„Борјан не е позитивен на коронавирус. Тој имаше здравствени проблеми и решивме да биде примен во болница каде ќе се следи неовата состојба. Борјан не е единствениот со ваков проблем, ја собираме целокупната документација и ќе бараме следниот меч со Вождовац што треба да се игра в четврток да биде одложен“, се вели во соопштението на Црвена Звезда.

Се вчитува...