Голманот на Е.Пелистер во топ 5 одбрани на првото коло во ЛШ (ВИДЕО)

Саеид Хеидарирад, голманот на македонскиот првак Еурофарм Пелистер, ја има третата најдобра одбрана во првото коло во Лигата на шампионите.

Чуварот на мрежата на битолскиот тим при 20-18, во миговите кога Загреб се закануваше да намали, му одбрани „зицер“ на Игор Карачиќ. Хрватскиот ракометар се најде сам на шест метри, меѓутоа Хеидарирад одлично му одбрани. Таа одбрана беше една од клучните за триумфот на битолската екипа.

На првото место се најде голманот на Барселона, Емил Нилсен, додека второто место беше на Мохамед Али од Спортинг.

Се вчитува...