Голманот на аргентинската репрезентација Емилијано Мартинез изјави дека на ова Светско првенство во Катар сите чекаат и посакуваат пораз на неговата репрезентација.
Тој смета дека скоро целиот свет навива против Аргентина и само чека тој и неговите соиграчи да имаат неуспех.
„Против Мексико игравме малку лигаво во првото полувреме, сите сакаа да загубиме, па затоа бевме против остатокот од светот. Мило ми е што оваа наша група ја сочинуваат 26 исклучителни борци (претставници) и што зад нас имаме 46 милиони неверојатни Аргентинци“, изјави Мартинез.
Аргентина се пласираше во финалето на Мундијалот во Катар каде го чека подобриот од мечот меѓу Франција и Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА