Грузијците ја зголемуваат самодовербата пред дуелот со Шпанија во осминафиналето на ЕУРО (недела, 21) и најавуваат дека ќе се борат до последната капка пот.
Се што направија досега избраниците на Вили Сањол е веќе неверојатно, сензационално, но секако не сакаат да им заврши бајката, иако според се што е прикажано можеби против себе го имаат главниот фаворит за освојување на турнирот.
Грузијците се потпираат на својот најдобар играч на првенството, човекот кој има најмногу одбрани на турнирот, дури 20, Георги Мамардашвили. Тој, пак, има доверба во првата ѕвезда на тимот, Хвича Кварацхелија, за кого зборуваше само во суперлативи ден пред новиот историски меч.
„Кварацхелија е подобар играч од кој било во Шпанија… Не велам дека ќе победиме, но можеме многу да им ги отежниме работите на Шпанците, иако знаеме дека тие се фаворити за победа“, изјави голманот кој брани во Шпанија, во тимот на Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА