Голманот на Холандија: Нема да ја потцениме Македонија, многу ја почитуваме вашата репрезентација

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Холандија не виде многу мака на отворањето на СП 2025 откако рутински славеше над Гвинеја, што им овозможи на „лалињата“ да сочуваат дел од силите, но и да скријат одредени аспекти од тактиката за дуелите со Македонија и со Унгарија, кои ќе решаваат за конечниот изглед на табелата во нашата група.

Голманот Барт Равенсберген бранеше само во првото полувреме против Гвинеја, но искусниот чувар на мрежата е свесен дека неговата селекција денеска (18 часот) против Македонија ќе има далеку потешка задача.

„Добро беше што отворивме така лесно и рутински. Секогаш е незгодно на првите средби, особено против селекции кои се дебитанти на големи натпреварувања, но ние почнавме фуриозно од почетокот, создадовме добра предност и тоа ни овозможи полесно да го финишираме мечот. Знаеме дека нема да биде лесно против Македонија и едно е сигурно – многу ја почитуваме вашата репрезентација и сигурно нема да ја потцениме. Пред две години бевме изненадени колку лесно победивме во Краков, но знаеме дека тоа нема да биде случај овде во Вараждин“, ни изјави Равенсберген.

Се вчитува...