Голманот на Канада проба да ја направи најголемата измама во фудбалот, но и тоа не му помогна (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Уругвај го освои третото место на Копа Америка совладувајќи ја селекцијата на Канада по изведувањето пенали.

По 90 минути игра резултатот беше 2-2, а Јужноамериканците беа непогрешливи во „пенал рулетот“, иако канадскиот голман Дејн Сент Клер на секој начин се обидуваше да ги испровоцира.

Токму еден детал при изведувањето на пеналите предизвика големо внимание, а во центарот на скандалот се најде канадскиот голман.

Откако заврши првата серија и двајцата изведувачи постигнаа голови, венецуелскиот судија притрча до Сент Клер и му покажа жолт картон. На почетокот не беше јасно зошто го направи тоа, но видеото објасни се.

Имено, во моментите кога Канаѓаните изведуваа пенал, голманот на Минесота Јунајтед се обиде да го испровоцира противникот и да сокрие шише со вода од противничкиот чувар на мрежата Серхио Роча. Причината е многу јасна – голманите на своите пластични шишиња бележат како и каде обично изведуваат пенали противничките играчи.

Ниту тој потег не им помогна на Канаѓаните, бидејќи Роча го одбрани ударот на Исмаил Коне во третата серија.

Yellow card for Canada GK for hiding Uruguay GK's water bottle
byu/xd366 insoccer

Се вчитува...