Голманот на Ливерпул незадоволен: Играчите никој за ништо не ги прашува, преку глава ни е!

Пред стартот на Лигата на шампионите, голманот на Ливерпул, Алисон, искажа незадоволство од новиот формат на натпреварување со кој е зголем бројот на натпревари.

Јасно е докажано дека поголемиот број натпревари кои најдобрите фудбалери мора да го играат секоја година, носи до поголем број тешки повреди, дополнително исрпување на телото и бројни здравствени проблеми. Но, за тоа очигледно никому не му е грижа, кога се во прашање парите.

„Никој никогаш не ги прашува играчите што мислат за зголемениот број натпревар. Можеби нашето мислење не се смета, но сите многу добро го знаат нашето мислење. На сите им е преку глава“ – вели Алисон, пред вечерашниот меч на Ливерпул против Милан.

Алисон дополни дека „играчите не се глупави“ и разбираат дека публиката сака што повеќе натпревари, но здруженијата, клубовите и фудбалерите треба заедно да носат одлуки кога се носат. А, не фудбалерите да се последни на листата.

Се вчитува...