Голманот на Марсеј испиша историја во ЛШ

Голманот на Олимпик Марсеј, Херонимо Руљи синоќа испиша историја во Лигата на шампионите. Чуварот на мрежата беше херој на својот тим на гостувањето кај Реал Мадрид.

Аргентинецот во првиот дел запиша дури 10 одбрани, што е рекорд во едно полувреме во еден меч во Лигата на шампионите. На полувремето резултатот беше 1-1, а Руљи прими гол од пенал од Килијан Мбапе. Потоа истиот играч одново од пенал донесе триумф за „кралевите“, а двата пенали Руљи ги прочита, но не успеа да ги одбрани.

Руљи е поранешен голман на Виљареал, Ајакс, а со Реал Сосиедад гостуваше во Скопје на меч против Вардар во тогашната групна фаза во Лигата на Европа во 2017 година.

Се вчитува...