Голманот на Молдавија: Халанд ми се извинуваше по секој постигнат гол…

Норвешка ја демолираше репрезентацијата на Молдавија со неверојатни 11-1, дуел на кој Ерлинг Халанд дури пет пати ја затресе противничката мрежа, а интересна е изјавата на молдавскиот голман Кристијан Аврам, кој обелодени дека асот на Манчестер Сити му се извинувал по секој постигнат погодок.

Имено, Норвежаните се обидуваа (и успеаја) да направат што подобра гол-разлика бидејќи според пропозициите на УЕФА во случај на ист број бодови сега клучна е гол-разликата, а не меѓусебниот дуел. Во една таква ситуација, Норвешка по оваа преубедлива победа сега е далеку пред Италија и се наоѓа во пол-позиција за директен пласман на СП 2026.

„Беше чудно, Халанд по секој гол ми се извинуваше. Ми повторуваше една иста работа, дека јас не сум виновен, туку дека трча за да ја земе топката за да постигнат што повеќе голови. Ми објасни дека бркаат гол-разлика“, прокоментира молдавскиот голман.

Се вчитува...