Вчерашниот меч од Чемпионшип-дивизијата меѓу Дерби и Кардиф го донесе и најсериозниот кандидат за „промашување на сезоната“, по неверојатниот кикс на домашниот фудбалер Ебу Адамс.
Гостите изведоа корнер по што топката беше исфрлена, а Адамс на половина од теренот со глава стигна до неа пред голманот Алнвик, кој остана да лежи. Откако му остана полесниот дел од задачата, да ја смести во празната мрежа, Адамс се посрамоти откако од петнаесетина метри шутираше најмалку еден метар крај голот.
Ебу Адамс летово потпиша за Дерби токму од редовите на Кардиф, откако во 2022 година дојде во овој клуб и настапи на 12 средби за велшката екипа во Чемпионшип-дивизијата.
🫢 It’s been nearly a day and we’re STILL wondering how Ebou Adams missed this…@DerbyRetweets | #DCFCpic.twitter.com/sEgugxeszX
— The Sportsman (@TheSportsman) September 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА