Голманот на Реал Мадрид го менува Зомер во Интер

Швајцарскиот голман во Интер, Јан Зомер веќе размислува за „пензија“, а „нероаѕурите“ веќе размислуваат за нов голман. Пред неколку недели како прв пик се појавуваше голманот на Тотенхем, Гилермо Викарио, а сега тимот од Милано има нов адут.

Станува збор за чуварот на мрежата на Реал Мадрид, Андреј Лунин. Украинецот е во сенка на Тибо Куртоа во последните неколку години, и сака да оди во клуб каде ќе биде прв избор.

Понудата од Интер ќе биде добродојдена за Лунин, задаго замени Зомер кој идното лето сака да го напушти клубот. Украинецот е дел од „кралевите“ од 2018 година. Шанса доби само во сезоната 2023/24 кога Куртоа беше повреден, и го однесе тимот во финалето во Лигата на шампионите, и потоа беше заменет во самото финале. Тогаш имаше шпекулации дека ќе си замине, но на крај се реши да остане и да се бори за место, но тоа тешко е возможно со оглед дека Белгиецот е недопирлив.

Се вчитува...