Голманот на Глазгов Ренџерс Џек Батланд (31) во вторникот вечерта заврши во болница поради „сериозно внатрешно крварење“ и затоа ќе го пропушти дербито со Селтик во четврток. Сепак, Батланд утрото бил пуштен од болница и продолжува да закрепнува дома.
Англискиот голман имаше непријатно искуство само 11 дена откако по четврти пат стана татко.
Батланд своевремено беше англиски репрезентативец, а во текот на кариерата бранеше за голем број клубови. Најдолго остана во Стоук, додека во Ренџерс е од 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА