Голманот на Рома, Миле Свилар со своите настапи се наметна како број 1 во италијанскиот тим. Откако Даниеле де Роси е на чело на тимот, овој 24-годишен чувар на мрежата стана незаменлив меѓу диреците.
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ го стави на поширокиот список за натпреварите со Русија и со Кипар на 21 и 25 март, меѓутоа Свилар ги шокираше сите откако истакна дека нема повеќе да се јавува на повиците на Србија, и дека сака да брани за друга земја.
Свилар е роден во Белгија, и има настапи за младинските селекции. Меѓутоа има и еден настап за Србија, што му овозможува да се премисли и да забрани за друга репрезентација. Токму Белгија е во неговите мисли, со оглед дека таму конкуренцијата во моментов е далеку помала.
Свилар во Србија ќе се соочи со Вања Милинковиќ – Савиќ од Торино, со Предраг Рајковиќ од Мајорка и со Ѓорѓе Петровиќ кој брани за Челси, додека кај Белгија конкуренција во моментов му е само Тибо Куртоа, и тој е повреден. Затоа и одлучил да ги избере Белгијците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА