Голманот на Шалке оди по стапките на Мануел Нојер и се сели на „Алијанц арена“

Германскиот првак Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе го доведе на „Алијанц арена“ голманот на Шалке 04, Алекс Нибел. Според информациите на „Билд“, Нибел ќе тргне по стапките на Мануел Нојер и по завршувањето на сезоната ќе потпише петгодишен договор со баварскиот клуб.

Нибел, кој има само 23 години и е капитен на Шалке 04, сака навреме да се наметне за голманската позиција во Баерн Минхен. Подготвен е да му биде резерва на Нојер (33) во наредните две години, а потоа да добие вистинска шанса на голот на најтрофејниот германски тим.

Алекс Нибел ја почна кариерата во Падерборн, а во Шалке 04 дојде за сума од 600.000 евра. Баерн Минхен ќе го добие како слободен агент, со оглед дека му истекува договорот со клубот од Гелзенкирхен.

 

Се вчитува...