Едерсон, голманот на Манчестер Сити зборуваше за можноста Манчестер Сити да ја освои Лигата на шампионите. Тој кажа дека прашање на време е само кога трофејот ќе отпатува во синиот дел на Манчестер.
Едерсон потсети на финалето на својот тим, и на полуфиналето, сметајќи дека тимот сега е созреан да дојде до толку посакуваниот трофеј.
„Се обидовме да го освоиме пехарот, и ќе продолжиме да се обидуваме. Бевме во финалето, во полуфиналето, знаеме како е да се биде до последниот меч. Во фудбалот некогаш работите не одат како што посакувате, но убеден сум дека ќе го освоиме трофејот. Имаме добар тим. Клубот одлично се развиваше во изминатите 5-6 години и Лигата на шампионите е она што му треба на Манчестер Сити. Тоа го сакаат и играчите, и тренерот. Одиме по пехарот“, изјави Едерсон.
Утре Сити се среќава со Лајпциг во 1/8 финалето во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

