Голманот на Валвијк не е повеќе во животна опасност, се обрати во јавноста

После тешката повреда со која во еден момент животот му беше во опасност, голманот на РКЦ Етјен Фесен се опоравува и првпат се обрати на јавноста.

Чуварот на мрежата тешко се повреди во завршницата на мечот со Ајакс, кога имаше судар со фудбалерот Брајан Броби. Натпреварот е прекинат во 86. минута, при резултат 2-3 за тимот од Амстердам.

„Драги членови, колеги и навивачи на РКЦ, пред се би сакал да се заблагодарам на медицинскиот тим на Ајакс и на персоналот на итната помош на брзата и исправната постапка. Гледам дека поддршка ми стигнува од сите страни. Во оваа прилика им се заблагодарувам на сите, кои соочувствуваат со мене и моето семејство.“, рече Фесен.

Тој призна дека се видел со колегите од тимот на видео повик.

Се вчитува...