Голманот на Вест Хем со еден потег го воодушеви светот (ВИДЕО)

Вест Хем Јунајтед и Њуксал Јунајтед ги поделија бодовите откако ремизираа со 2-2 во осмото коло во Премиерлигата. Натпреварот покрај возбудувањата на теренот го одбележа и несекојдневниот гест на голманот на „чекичарите“ Алфонс Ареола.

Французинот на теренот истрча со слушалки во солидарност со едно од децата кои беа дел од претставувањето на тимот. Детето е аутистично и вревата од трибините му предизвикува страв па за да биде дел од спектаклот мораше да носи слушалки. Потегот на Ареола наиде на голем поздрав низ целиот свет.

Се вчитува...