Иако Баерн Мимнхен веруваше дека Мануел Нојер ќе биде подготвен за реваншот со Интер, сепак, тоа нема да се случи. Нојер не успеа да ја санира повреда на потколеницата, па лекарскиот тим одлучи да не игра уште некое време.
Тој ќе го пропушти реваншот со Интер во среда, како и дуелот со Хајденхајм, а главна цел ќе му биде да се опорави за потенцијалното полуфинале во Лигата на шампионите, доколку Баерн успее да победи на „Џузепе Меаца“.
Ова секако е голем удар за Винсент Компани, бидејќи листата на повредени е долга, а на неа се и Нојер и Алфонсо Дејвис, Дајо Упамекано, Хироки Ито, Кингсли Коман.
Баерн Минхен има негатива од првиот меч од 2-1, и сега на „Џузепе Меаца“ ќе му треба победа ако сака да се надева на пласман во полфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА