Фудбалерите на Тиквеш се третите полуфиналисти во Купот на Македонија откако по изведувањето на пеналите славеа со 7-6 против АП Брера. Во регуларниот дел мечот заврши 1-1.
Словенечкиот голман Ариан Ренер е херојот на кавадарчани одбранувајќи го последниот пенал удар на Ѓорѓиевски за конечна победа.
А низ регуларниот дел, струмичани поведоа на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци со 0-1 во првото полувреме. Стрелец на голот беше Цветановски во првата минута од судиското продолжение на првиот дел.
Но, во раната фаза од вториот дел Тиквеш успеа да израмни. Во 52. минута Куреж успеа да израмни на 1-1, одведувајќи го мечот кон пенали.
На крај по изведувањето на пеналите Тиквеш беше подобар победувајќи со 7-6. Кај АП Брера, низ деветте пенал серии, промашија Франко, Врдољак и Ѓорѓевски, а кај Тиквеш удари од белата точка не реализираа Куреж во третата серија и Спахиу во четвртата серија.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА 1-1 (по пеналите: 7-6)
Куреж 52′ – Цветаноски 45’+1
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ 0-1
Јашароски 70′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-0
Алији 66′
УТРЕ (13 ч.)
Скопје – ФФМ тренинг центар: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА