Голманот што ја откажа Македонија е пред потпис со Охрид

Охрид не планира да застане со засилувањата, се со цел да се направи ростер со кој „сино-белите“ би ја нападнале дури и шампионската титула во Супер-лигата.

Амбициозниот проект од крај езерото е многу блиску до потпис со уште еден голман, и тоа Дино Славиќ кој настапува во францускиот тим Лимож. Славиќ блесна на пријателскиот меч меѓу Хрватска и Македонија одигран во Пореч пред десетина дена, на кој овој голман со 16 интервенции ги откажа македонските ракометар и им ја донесе победата на коцкестите“.

Токму тој дуел беше препорака за охриѓани повторно да се активираат на пазарот и да почнат преговори со Лимож. Неофицијално, разговорите се во завршна фаза, а се очекува Славиќ да потпише за Охрид во наредните денови, пред почетокот на ЕП 2026.

Славиќ би требало да биде четвртото големо засилување за охриѓани откако почна сезонава, откако претходно беа потпишани договори и со македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски, хрватскиот голман Пилиповиќ и пивотот Џанфранко Прибетиќ.

Се вчитува...