Голманот Стефан Тасев не е повеќе дел од Македонија ЃП. Чуварот на мрежата кој во последните три години главно беше резервна опција, и доби шанса на неколку прволигашки натпревари, се реши да го напушти клубот и да бара средина каде што ќе има поголема минутажа.
Тасев во изминатиот период е дел и од селекцијата до 21 година, откако во минатото беше дел и од помладите селекции.
Тој е уште едно име кое го напушта тимот на Македонија ЃП после Ѓорѓи Стоилов, Есмин Личина, Стефан Лазаревиќ, Арби Воша и Матеус Лемос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

