Голманот Цветковски ново засилување за Тинекс Пролет

Искусниот голман, Јане Цветковски е нов член на ракометниот суперлигаш, Тинекс Пролет. Тој по седум години поминати во странство се враќа во својот матичен клуб, во скопската населба Пролет.

Цветковски во периодот од 2007 до 2014 беше дел од тимот на Пролет, по што замина во словачкиот шампионат, каде настапуваше за екипата на Тополчани. Потоа беше дел и од тимот на Босна од Сараево, од каде замина за Шведска.

Во шведскиот шампионат играше заедно со легендата Ким Андерсон во екипата на Истад, а беше дел и од Хелсингборг. Во Бундеслигата настапуваше за Вецлар, а во Пролет се враќа од редовите на унгарскиот Егер.

 

Се вчитува...