Голманот Жиру: Никогаш не сум доживеал вакво нешто

Францускиот фудбалер Оливие Жиру мораше да застане на голот на дуелот против Џенова откако беше исклучен Мајк Мењан.

Жиру мораше да го облече дресот на својот сонародник и  во неколку наврати да ги покаже своите голмански способности.

Имаше среќа и по еден слободен удар, откако топката наместо во неговата мрежа заврши во пречката, а Милан на крајот славеше со 0-1.

„Никогаш не сум го доживеал ова. Многу сум горд на тимот. Се боревме до крај, а јас добро  бранев. Имавме среќа кога топката ја погоди пречката. Се боревме како лавови, среќен сум и за навивачите. Ќе го чувам овој дрес“, изјави Жиру. 

Се вчитува...