Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, не може да крене глава од повредите на фудбалерите. Долг е списокот на оние што ќе отсуствуваат на денешниот меч против Севилја, а и на наредните неколку дуели. Најнов на списокот на повредени е и голманот Кејлор Навас. Тој застана на голот на мечот од Купот на Шпанија против Леганес, но заработи повреда на мускулот. Ќе отсуствува неколку седмици.
Тибо Куртоа не е стопроцентно подготвен, но ќе мора да застане на голот против Севилја. Со оглед дека Кико Касилја го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и се пресели во Лидс јунајтед, на клупата за резерви најверојатно ќе биде Лука Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА