Голмански бисер: Најсмешниот автогол надвор од секаква конкуренција… (ВИДЕО)

Велвало Адиграт е во долниот дел од табелата во Првата лига на Етиопија и секој бод и тоа како им е важен во битката за опстанок. Но, на гостувањето против Кетеме во 16. коло доживеаја пораз од 1-0, кој сам посебе и не е така трагичен колку што начинот на кој дојде.

Голманот на гостите Берекет Амаре по една одбрана се обиде со рака да ја исфрли топката кон левиот бек, но го направи тоа толку неспретно сместувајќи ја топката во сопствената мрежа.

Се обиде Амаре да се извлече од сето тоа, правејќи се како ништо да не се случило, но судијата веднаш покажа на центарот. Трагедијата за Амаре е и тоа како големо, ако се знае дека токму само поради тој негов гол, неговиот тим го загуби мечот…

Се вчитува...