Енис Барди се најде во номинација за најубав гол на 4. коло во Лигата на Европа. Македонскиот репрезентативец против Монако постигна гол од слободен удар, откако шутираше под живиот ѕид и ја смести топката во голот на францускиот тим.
Покрај него, кандидати за гол на колот се Сорлот од Реал Сосиедад, Верман од ПСВ и Мартинез од Митјиланд.
Како поддршка за еден од најдобрите македонски фудбалери може да гласате на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

