Голот на Енис Барди во 70. минута од средбата со Ерменија синоќа, е во конкуренција за најубав во 2. коло во Лигата на Нации.
Покрај Барди, во конкуренција се и головите на данскиот репрезентативец Поулсен кој со ножички го совлада српскиот голман, потоа голот на Словенецот Шешко во дуелот со Казахстан кој со прекрасен продор и лоб удар го совлада гостинскиот голман, како и на Кочорашвили од Грузија кој со удар од 25 метри го совлада голманот на Албанија.
Барди од слободен удар од 25 метри со прекрасен удар го совлада Чанчаревиќ, и така донесе предност за Македонија со играч помалку.
Four outstanding goals from Matchday 2 💥
Which is the Goal of the Round? 🤔#UNLGOTR | @AlipayPlus | #NationsLeague pic.twitter.com/ORxks43jVA
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) September 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА