Реал Мадрид ремизираше 1-1 против Челси во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Карим Бензема беше единствениот стрелец за „кралевите“, а по мечот донесе многу контроверзии неговиот погодок.
Тој на атрактивен начин го совлада голманот на Челси, Менди, но аналитичарот на шпанска „Марка“, смета дека погодокот на Французинот треба да биде поништен.
„Кашемиро направи прекршок над Аспиликуета, пред него Милитао да го проигра Бензема кој успеа да погоди во мрежата на Менди“, изјави Андухар за радио „Марка“.
KARIM BENZEMA FROM OUTTA NOWHERE ?#UCL pic.twitter.com/dOMLqi0kzn
— Goal (@goal) April 27, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА