Елиф Елмас го постигна својот трет гол во четвртиот меч за Торино, но за жал, не донесе победа на гостувањето кај Парма. Македонскиот интернационалец погоди во 19. минута одлично, откако надмутри четворица противнички играчи за водство на полувремето, но тоа на крајот не беше материјализирано со три бода.
Пелегрино во 60. минута успеа да го израмни резултатот. Торино повторно дојде до предност преку Адамс во 72. минута од средбата, но Пелегрино со втор гол донесе бод за својот тим.
Во вториот меч одигран во истиот термин, Венеција од пенал се спаси од пораз на гостувањето кај Комо. Комо водеше со голот на Иконе, а израмни Гиткјаер во петата минута од судиското надополнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

