Голот на Граџан во топ 5 на последното коло во Лигата на Европа

Еурофарм Пелистер го совлада составот на грчки АЕК убедливо во последниот натпревар во Лигата на Европа, и се зацврсти на втората позиција на табелата. Во битолскиот „вулкан“, Грците добро се држаа само во првиот дел, кога Еурофарм дојде до предност од два разлика, а во вториот дел со две добри серии стигнаа до убедлив триумф (30-19).

Голот на Елмир Граџан кој беше вистинска мајсторија во убедливата победа на Еурофарм Пелистер се најде меѓу најдобрите пет во последното коло од групната фаза. Во осминафиналето „битолчани“ ќе играат против хрватскиот Нексе.

 

Се вчитува...