ГОЛОТ НА КОЛОТО: Прелчец ја „собра пајажината“ – Борец со пресврт подобар од Струга ТЛ (ВИДЕО)

Офанзивецот на Борец, Никола Прелчец ја одбележа со прекрасен погодок победата од 2-1 против Струга ТЛ во 14. коло од ПМФЛ.

Откако стружани поведоа во 51. минута со голот на Абдулхади Јахја, потоа следеше комплетен пресврт на натпреварот. Најпрво Прелчец со одличен шут во 74. минута донесе израмнување, а Трајче Трајков од пенал во 86. минута ги постави конечните 2-1 за повеќе од значајни три бода за велешани.

Се вчитува...