Голот на Махмудов – гол на колото во Холандија (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Денис Махмудов го запиша третиот свој погодок сезонава во дресот на Ексцелзиор во најсилната лига на Холандија.

Махмудов постигна прекрасен гол во поразот на неговиот тим од 2-1 на гостувањето против АЗ Алкмар. Гол кој е избран за погодок на колото во холандскиот шампионат. Во изборот на прволигашката асоцијација на Холандија, „проектилот“ на Махмудов од околу 25 метри е најубавиот гол од 16. коло во Холандија…

Се вчитува...