ЕКИПА во Краков,
Стеван Цаневски, Владимир Булатовиќ. Фото: Роберт Спасовски
Дејан Манасков ќе биде предводник на македонската репрезентација на СП во Полска, а токму Манасков беше играчот што пред седум години, на тогашниот европски шампионат што исто така се одржа во Краков, им донесе радост на сите Македонци.
Нашата селекција во третиот и решавачки меч играше со Србија, и реми ни беше доволно за да одиме во следната фаза, а на десет секунди до крајот селекторот Обраван при негатива од еден гол повика тајмаут.
Акцијата беше одиграна беспрекорно, Србите се плашеа од Лазаров, но тој навреме се ослободи од топката, потоа Миркуловски маестрално го проигра на крило Манасков, кој мајсторски го совлада поранешниот соиграч од Металург, Дарко Станиќ.
Овој гол на Дејан Манасков нека биде најава за нови радосни моменти во Краков…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА