Погодокот на Бојан Миовски кој го постигна против Лихтенштајн, зголемувајќи на 3-0 на гостувањето на Македонија во Вадуц, беше номиниран за еден од најдобрите според европската куќа на фудбалот УЕФА.
По прекрасното додавање од Бојан Илиевски, македонскиот голгетер со волеј од прва ја зафати топката, и го совлада Бухел, и во тие мигови ја запечати победата на нашата селекција од 3-0.
Покрај Миовски, имаше уште неколку номинирани, а за голот на македонскиот фудбалер може да гласате на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА