Португалија ја совлада репрезентацијата на Русија во второто коло од Купот на Конфедерации со минимална предност од 1-0. По ремито од 2-2 со Мексико на отварањето на овој турнир, Португалците го направија првиот чекор кон сигурен пласман во завршницата, благодарение на нивниот капитен Кристијано Роналдо. Русија иако тешко стигнуваше до голот на Патрисио, имаа шанси за евентуално изненадување, сепак ниту еден од тие обиди не беа конкретни закани.
Мега-ѕвездата на Реал Мадрид го постигна единствениот гол на мечот уште на самиот почеток од средбата. Нафрлената топка од Гереиро одлично го пронајде Роналдо пред голот на Акинфеев, Португалецот без размислување со глава ја затресе мрежата. Капитенот на руската репрезентација, Игор Акинфеев се надеваше дека својот 100. јубилеен настап во дресот на националниот тим, ќе го прослави без примен погодок.
Избраниците на Фернандо Сантос го контролираа поголемиот дел од натпреварот, Русија без никаква идеја на теренот, скоро 90 минути не упати директен удар во рамките на голот. португалската одбрана едноставно беше премногу моќна за Русите. Черчесов во последните десетина минути од мечот уфрли и четврти напаѓач во игра, но ниту тоа не беше доволно за израмнување. Единствениот притисок на Русите беше на само неколку минути пред крајот, кога беше и единствената интервенција на португалскиот голман. По шансата на Џикиа од корнер се слушнаа само воздишки на „Откритие“ арената во Москва.
Европскиолт првак моментално е прва репрезентација во А групата со четири бода, но колото ќе се комплетира по вечерашниот дуел меѓу Мексико и Нов Зеланд. Русија најверојатно ќе го загуби второто место, бидејќи Мексико се смета за апсолутен фаворит против 95. рангираната репрезентаја на ФИФА листата.
https://www.youtube.com/watch?v=FkQc1jnKc0o
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА