Голот на Сара Ристовска меѓу топ 5 во женската ЛШ

Голот на македонската интернационалка во дресот на Рапид Букурешт, Сара Ристовска кој го постигна во дуелот со дански Одензе на гости, беше одбран меѓу најдобрите 5 во 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Ристовска во контра напад „ладнокрвно“ ја совлада домашната голманка, со што нејзиниот погодок потоа беше награден од ЕХФ.

Се вчитува...