Голот на животот на Роналдињо е случајност или волшепство? Мистеријата решена по 18 години… (ВИДЕО)

Најважниот гол во својата кариера Роналдињо го постигна во четвртфиналето од Светското првенство 2002 против Англија.

При резултат 1-1, Роналдињо, кој тогаш имаше само 22 години и го носеше дресот на ПСЖ, изведе слободен удар од 35 метри од десната страна. Сите очекуваа центаршут, но топката заврши во голот изненадувајќи го легендарниот Дејвид Симан.

Многумина веруваат дека Роналдињо случајно го постигнал голот, додека други сметаат дека смислено сакал да шутира директно на голот. Мистеријата по 18 години ја реши Ривалдо, фудбалерот кој со Роналдињо стана светски шампион.

„Тој гол го изненади Симан, мене и целиот свет. По мечот Роналдињо ми рече дека знаел дека Симан има навика да направи два-три чекори напред на секој слободен удар. Свесно се обиде да го изненади, и успеа во тоа“ – вели Ривалдо.

Се вчитува...