Денешните натпревари од 10. коло во Втората македонска фудбалска лига ги одбележаа и две ремек-дела какви ретко се гледаат на фудбалските терени, па и во далеку поквалитетните шампионати ширум Европа.
Два вистински евро-погодоци денеска на дуелите во Тетово и во Прилеп кои ќе останат забележани.
Тетекс славеше со 2-0 против Скопје, а победата „штоферите“ ја најавија уште во 4. минута со мајсторијата на Рихан Зеќири кој откако украде топка од 35 метри погоди во горниот десен агол од голот на гостите…
Победа, пак, загуби неочекувано пред своите навивачи од Караорман со 1-2. Но, ќе остане забележан евроголот на Стомнаровски во 55. минута со кој Победа во тие моменти успеа да израмни на 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА