Рускиот репрезентативец Александер Головин направи интересен избор и го одби англискиот премиерлигаш Челси за да потпише договор со францускиот клуб Монако. Играчот за врска на ЦСКА Москва и еден од најдобрите играчи на „зборнаја“ на Мундијалот, е интересен за неколку европски клубови, а информациите од Русија говорат дека тој веќе се договорил со Монако. Во текот на утрешниот ден треба да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на повеќегодишен договор со „кнезовите“.
Головин смета дека во Монако ќе има многу повеќе простор за напредок во кариерата. Пресуден фактор е и тоа што Челси сепак не може да му понуди настап во Лигата на шампионите следната сезона. За Русинот одреден интерес покажа и италијанскиот првак Јувентус, но сепак не дојде до реализација на трансферот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА