Головин го продолжи договорот со Монако до 2024

Рускиот интернационалец Александр Головин го продолжи договорот со францускиот прволигаш Монако до 2024 година. Тој оваа сезона беше еден од најстандардните во составот на Роберт Морено, а раководството на клубот му понуди продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона под подобри услови од досегашните.

Головин пристигна во Монако пред две сезони од рускиот тим ЦСКА Москва. Тој досега одигра 52 натпревари за дресот на „кнезовите“ и постигна шест гола. За репрезентацијата на Русија има 33 настапи и пет постигнати погодоци.

 

Се вчитува...