Голубиќ ново име во стручниот штаб на Металург

Работите во Металург одат во позитивна насока, па по засилувањата во составот, од денеска се прошири и стручниот штаб. Ново име во тимот на Данило Брестовац е атлетичарот Сашo Голубиќ кој ќе биде задолжен за физичката подготовка на тимот.

Се стабилизиравме во играта, но видливо е дека ни недостасува физичка сила во одредени моменти. Во тој дел ни треба помош и затоа во стручниот штаб го приклучивме и Сашо Голубиќ. Тој е атлетичар, на завршни стурии на Факултетот за физичко образование и спорт, стручен во тој дел на физичката подготовка и верувам дека неговата работа ќе ни донесе позитивни резултати. Сега сме комплетирани во стручниот штаб и секој ќе може максимално да се посвети на својот дел од обврските“ – истакнува Берстовац.

По сите промени и турбуленции на стартот, играта на Металург полека се стабилизира. Со трите нови засилувања во составот што се приклучија неодамна (Шпенде, Рибеиро и Пучник) има поголем избор за ротација и поголема стабилност во играта.

„Немавме многу избор, но полека се стабилзиравме. Во почетокот додека се воигравме, одевме со тие измени по тројца, сега веќе и новите играчи се вклопија во нашиот систем и може да комбинираме и со овие ротации да имаме и поглема разноврсност во одбраната. Мислам дека сме одлична екипа, има разлика во играта и тоа ме радува“ – вели Данило Брестовац.

Напредокот во играта на Металург се потврди и на последниот меч против Бешикташ во Лигата на шампионите. „Металурзи“ за малку останаа без бод ова гостување (23-22), но за разлика од првиот меч со Бешикташ во Скопје (22-30), овој пат беа рамноправни во игра до последните секунди.

„Одигравме добар натпревар и жал ми е што не успеавме да победиме или барем да дојдеме до бод. Марио Танкоски одигра одлично,  Переира добро се снаоѓа, добро се вклопи, го прифати екипата, Маџовски беше одличен и во напад и посебно во одбраната. Не „пресече“ повредата на Мартин Велковски. Но, генерално, потфрливме таму каде што најмалку се надевавме, не ги релизиравме седмерците и примивме неколку лесни голови од контра“ – сумира тренерот на Металург.

Во следното коло во Лигата на шампионите, Металург на 24 ноември го пречекува Силкеборг во последниот натпревар на домашен терен од оваа сезона во ЛШ. А потоа за крај им следува гостувањето кај Татран Прешов на 1 декември. Во продолжението останува настапот во СЕХА лигата и во финипот на сезоната плеј-офот во домашното првенство.

Се вчитува...