ЕКИПА во Брест, БелорусијаТомас Ѓорѓиевски
Тренерот на ППД Загреб, Славко Голужа не ги штедеше критиките за своите играчи по големиот пораз од македонскиот шампион во полуфиналето на Ф4 од СЕХА лигата.
Голужана прес-конференцијата по мечот нагласи дека неговиот тим не ги искористил шансите кога имаа играч повеќе на теренот, што за нив претставувало најголем проблем. А, Вардар не се победува без борба на терен, и во игра без душа…
„Ќе бидам искрен, сами сме виновни за убедливата разлика. Причината за поразот беше уште од почетокот, загубивме со премногу направени технички грешки. Доколку направите 11 технички грешки против тим како што е Вардар, тогаш не можете да очекувате победа. Во второто полувреме имавме неколку напади со играч повеќе, но не ги искористивме… Може да кажам дека за да успеете како ракометар треба да имате крвави колена, тоа е знак на борбеност и желба за победа. Ние немавме борба во нас, без душа не се победува Вардар. Откако дојдов во овој клуб имавме доста проблеми, но секој проект не се завршува за една вечер, можам да кажам дека напредуваме. Исто така ми е мило што ги видов хрватските играчи на Вардар во такво добро издание. Им честитам на Вардар за победата и им посакувам среќа во финалето“ – изјави Голужа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА