ЕКИПА во Брест,Томас Ѓоргиевски
На утрешното полуфинале на Ф4 турнирот во СЕХА лигата против Вардар, тимот на ППД Загреб од клупата ќе го предводи новиот тренер, Славко Голужа кој дојде на местото на Силвио Ивандија како времено решение до крајот на сезоната. За поранешниот хрватски селектор, дуелот со Вардар ќе му биде прв по враќањето на клупата на Загреб. На прес-конференцијата пред стартот на Ф4 турнирот, Голужа нагласи дека со оглед на ситуацијата и проблемите што ги има хрватскиот шампион, резултатите не се императив за ППД Загреб на овој завршен турнир во Брест.
„Имаме свои проблеми, но ќе се обидеме да ги решиме овде на лице место. Немаме некој голем императив, дојдовме во Брест едноставно да одиграме два добри натпревари. Одработив два тренинга со екипата, за ова кратко време не можам многу да сменам во играта, но верувам дека на психолошко ниво екипата ќе биде поинаква. Нема што многу да се зборува за натпреварот и за противникот. Сите знаеме кој е и како игра Вардар оваа сезона.Тие се страшна, моќна екипа, на секоја позиција имаат по двајца-тројца играчи.“ – изјави новиот тренер на ППД Загреб, Славко Голужа.
Дуелот меѓу Вардар – ППД Загреб се игра утре со почеток во 18.30 часот и тоа е првото полуфинале на Ф4 турнирот на СЕХА лигата во Брест. Во вториот дуел за место во финалето ќе играат домаќинот Мешков Брест и Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА