Гомис секој натпревар го ризикува животот – По шести пат колабираше на терен (ВИДЕО)

Францускиот фудбалер Бафетимби Гомес кој го носи дресот на Ал Хилал колабираше на теренот на мечот против Ал Ахли, но за среќа брзата реакција на докторите му го спаси животот. Ова е неверојатен шести пат на поранешниот фудбалер на Лион да му се случи да колабира на терен. Со секој настап на фудбалски натпревар тој го ризикува својот живот, а во времето кога играше во Лион потпиша договор со клубот дека на сопствена одговорност ќе настапува. Причина за честите проблеми на фудбалерот е тоа што има хронични проблеми со низок притисок. Тоа доведува до губење на свеста и поради тоа доаѓа до често колабирање и ризикување на сопствениот живот.

 

Се вчитува...